НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 30.11
➢ НА ДЕНЕШЕН ДЕН ... (30.11.2024)
👁 Прочитано: 253



Во рубриката - На денешен ден - евидентираме настани кои од историски аспект се случиле на денешен ден а кои се поврзани со економијата, општеството, со секојдневното живеење. Издвојуваме некои од нив кои цениме дека се највпечатливи ....
НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 30.11
30.11.1508 година е роден Андреја Паладио, италијански архитект, основоположник на паладијанскиот стил.
30.11.1667 година е роден Џонатан Свифт, англиски писател и сатиричар.
30.11.1813 година е роден Шарл Валентин Алкан, француски композитор.
30.11.1817 година е роден Теодор Момзен, германски историчар, правник и добитник на Нобеловата награда за литература.
30.11.1835 година е роден Марк Твен, американски писател, хуморист, новинар и предавач.
30.11.1874 година е роден Винстон Черчил, британски државник и писател.
30.11.1894 година македонскиот револуционер Гоце Делчев, лично од Даме Груев, е примен за член на ВМРО.
30.11.1966 година Барбадос, еден од островите на Малите Антили, кој 300 години беше британска колонија, прогласи независност.
Служба за информирање при Комората