Генералниот секретар на Коморскиот Инвестициски Форум на ЗБ6, д-р Татјана Штерјова Душковска учествуваше на јавната расправа за Новиот План за раст и олеснување за Западен Балкан организирана од Европскиот економски и социјален комитет (EU EESC)
👁 Прочитано: 1340





Генералниот секретар на Коморскиот Инвестициски Форум на ЗБ6, д-р Татјана Штерјова Душковска учествуваше на јавната расправа за Новиот План за раст и олеснување за Западен Балкан организирана од Европскиот економски и социјален комитет (EU EESC)Кликни за повеќе

„Новиот План за раст претставува нова пресвртница во пристапот на ЕУ кон економиите на Западен Балкан, ветувајќи отворање дополнителни можности за пристап до единствениот пазар на ЕУ за нашите компании многу пред пристапувањето во Европската унија, а ние сме благодарни за дадената  можност, активно да се вклучиме во процесот на идентификација на приоритетните акции за интеграција на единствениот пазар на ЕУ во рамките на првиот столб на Планот за раст. На бизнисите од Западен Балкан ќе им треба поддршка да се подготват за пазарните притисоци на Единствениот пазар. Подготвени сме и понатаму да работиме со компаниите во овој процес, во продолжение на Програмата за регионален развој на добавувачи во рамките на Заедничкиот регионален пазар, според кој во последните три години повеќе од 6.500 компании од Западен Балкан имаа корист од нашите активности за промоција на трговијата и добија индивидуална, прилагодена поддршка.

Бизнис платформата ЕУ-Западен Балкан е една од формите за вклучување на бизнисите од регионот во работата на институциите на ЕУ. Платформата ги обединува претставниците на бизнис заедницата на Западен Балкан и Европската комисија за рамена на мислења во насока на надминување на предизвиците но и можностите за приватниот сектор во регионот. Таквиот дијалог и помага на деловната заедница подобро да ја разбере Европската унија, нејзините закони и политики. Отворениот дијалог, преку презентирање конкретни предизвици и предлагање решенија директно од компаниите на Западен Балкан до носителите на одлуки,  им помага на компаниите да се подготват за интеграција во Единствениот пазар. 

Сакам да им се заблагодарам на колегите од Генералниот директорат за соседска политика и преговори за проширување (DG NEAR) што го препознаа овој пионерски чекор пред неколку години и што соработуваа со нас во неговото воспоставување.“- истакна Штерјова Душковска во своето излагање.
 

м-р Сања Николова
Експерт во организационата целина за претставување на членките и вмрежување