Стопанската комора на Северна Македонија, на 2 декември 2024 година, организира еднодневна онлајн работилница на тема ОЗНАЧУВАЊЕ НА ХРАНАТА, што се може, треба и смее да биде наведено на декларацијата согласно законските барања Предизвици, ризици и слаби точки на контрола на означувањето на храната од страна на операторите со храна.
На оваа онлајн работилница детално ќе бидат презентирани сите информации кои може, треба и смее да бидат ставени на декларацијата на храната како задолжителни, дополнително задолжителни и додатни информации поврзани со законските барања за означување на храната согласно Законот за безбедност на храна, Правилникот за информации поврзани со хрнанта и уште неколку Правилници за посебни барања за безбедност на храна со осврт на дополнителни задолжителни информации поврзани со храната со цел постигнување на висок степен на заштита на животот и здравјето на луѓето и заштита на интересите на потрошувачите, вклучувајќи ја непристрасната пракса при трговија со храна земајќи ги предвид разликите во перцепцијата на потрошувачите и нивните потреби да бидат информирани за да направат избор.
ПРОГРАМА:
1.ОДГОВОРНОСТ ЗА ИНФОРМАЦИИТЕ ПОВРЗАНИ СО ХРАНАТА;
2.ПРЕДИЗВИЦИ ЗА БИЗНИС ОПЕРАТОРИТЕ СО ХРАНА;
3.РИЗИЦИ СО КОИ СЕ СООЧУВААТ ОПЕРАТОРИТЕ СО ХРАНА;
4.ДЕТАЛНИ ОДРЕДБИ ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ:
1.Име на храната;
2.Список на состојки;
3.Квантитативно означување;
4.Алергени;
5.Датум на производство;
6.Нето тежина;
7.Земја на потекло и место на потекло:
-Царински закон
8.Услови на чување;
9. Упатства за употреба;
10.Јачина на алкохол;
11.Нутритивна табела.
5.ДОПОЛНИТЕЛНИ ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
1. Дополнителни задолжителни информации за минерална, изворска и друга пакувана
вода;
2. Дополнителни задолжителни информации за брзо замрзната храна;
3. Дополнителни задолжителни информации за збогатена храна во која се додадени
витамини и минерали;
4. Дополнителни задолжителни информации за додатоци на исхрната.
6.ПРОДАЖБА НА ДАЛЕЧИНА –Е трговија
-Дополнување на Закон за безбедност на храна со обврски на операторите кои вршат продажба на далечина.
7. ДОБРОВОЛНИ ИНФОРМАЦИИ и НИВНА ПРИМЕНА
-Законска основа за користење термини био, еко, веган, посно и слично во означувањето на храната
Предавач:
Маја Лукарева,дипл. ветеринар.
Сите заинтересирани за учество на оваа онлајн работилница можат да се пријават
најдоцна до 29.11.2024 година.